• сабота, 23 ноември 2024

Првите украински пилоти ја завршија обуката во САД на борбените авиони „Ф-16“

Првите украински пилоти ја завршија обуката во САД на борбените авиони „Ф-16“

Тусон, 30 мај 2024 (МИА) - Првите украински пилоти ја завршија обуката на борбените авиони „Ф-16“ во воена база во Аризона, САД, додека завршувањето на обуката за останатите треба да следи летово.

-Првата група дипломираше, а другите украински пилоти ја завршуваат обуката овде до крајот на август, изјави за „Гласот на Америка“ портпаролката на Националната гарда на Аризона, капетан Ерин Ханиган.

Меѓу дипломираните има и неколку украински пилоти кои се обучувале во базата на националната гарда „Морис“ во Тусон, изјави американски функционер кој зборуваше за „Гласот на Америка“ под услов да остане анонимен од безбедносни причини.

Поради строгите безбедносни мерки за пилотите, официјалните лица одбија да го кажат точниот број на Украинци кои дипломирале или бројот што останале на обуката на ловците „Ф-16“.

Киев упорно бара испорака на западни авиони откако Русија ја започна инвазијата врз нивната земја во февруари 2022 година. Во август 2023 година, американскиот претседател Џо Бајден одобри план за западните сојузници да испратат авиони „Ф-16“ во Украина откако претходно се заврши обуката за пилоти. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан