• сабота, 23 ноември 2024

Првите патики „Ер Џордан“ продадени за 560.000 долари

Првите патики „Ер Џордан“ продадени за 560.000 долари
Чикаго, 18 мај 2020 (МИА) - Кошаркарските патики со потпис на НБА-ѕвездата Мајкл Џордан, коишто тој ги носел во својата прва - „руки" сезона во Чикаго булс, беа продадени на интернет-аукција за рекордна сума од 560.000 долари, објави аукциската куќа „Сотби’с“. Првично се очекуваше патиките познати како „Ер Џордан 1“, од 1985 година, за да бидат продадени за 100.000 до 150.000 долари. Тоа е првиот модел којшто Најки го дизајнираше посебно за Џордан, за неговата прва професионална сезона за тимот на Булс, пред 35 години. Досегашниот рекорд, во таа смисла, му припаѓаше, исто така - на Најки. Оттаму лани продадоа чифт патики за џогирање „Мун Шуз", од 1972., за 437.500 долари.  си/

Остани поврзан