• четврток, 26 декември 2024

Првите два германски терминали за ЛНГ ќе бидат оперативни на крајот на годината

Првите два германски терминали за ЛНГ ќе бидат оперативни на крајот на годината
Берлин, 2 јули 2022 (МИА) - Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека првите два привремени терминали за ЛНГ во земјата, кои треба да придонесат за ставање крај на зависноста од руските енергетски извори, ќе бидат ставени во функција на крајот на оваа година или на почетокот на 2023 година. - Германската влада изнајми четири пловечки терминали за течен природен гас, изјави министерот Хабек за весникот „Зонтаг“. Тој рече дека два брода се веќе достапни оваа година и ќе бидат стационирани во Вилхелмсхавен, крајбрежен град на Северното Море и Брунсбител, на устието на Елба, во близина на Северното Море, од 2022 до 2023 година. Москва веќе значително ги намали испораките на гас што пристигнуваат во Германија преку гасоводот, додека Берлин бара други извори на енергија. Клаус Мулер, шеф на германската агенција Нетворк, која ги надгледува мрежите за снабдување со енергија, рече дека стравува од целосно затворање на рускиот гас за Германија и предупреди дека претстојниот ремонт на гасоводот Северен поток 1 може да се претвори во „долгорочен политички ремонт". Мулер ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на енергија. паг/    

Остани поврзан