• четврток, 26 декември 2024

Првиот човек на Еврогрупата во посета на Бугарија 

Првиот човек на Еврогрупата во посета на Бугарија 

Брисел, 15 март 2024 (МИА) - Претседателот на Еврогрупата и ирски министер за јавни расходи и реформи Паскал Донахју денеска ќе престојува во Софија на средби со претставници на бугарскиот државен врв. 

Според најавата, предвидено е Донахју да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со премиерот во оставка Николај Денков и министрите за надворешни работи и за финансии, Марија Габриел и Асен Василев.  

Главните теми на разговорите ќе бидат напредокот на Бугарија во исполнувањето на условите за пристапувањето кон Еврозоната, како и општата економска перспектива на земјата. 

Донахју, исто така, ќе учествува и на конференција на тема „Европскиот пат на Бугарија - Пристапување во Еврозоната, придобивките и предизвиците за бизнисите“. 

Во пресрет на посетата Донахју изјави дека е особено задоволен што ќе може да престојува во Бугарија, земја која, како што рече, има јасна аспирации за членство во Еврозоната.  

- Посетата ќе биде можност да се препознае важната работа што е направена во изминатиот период и да се разговара за напредокот, во очекување на скорото приклучување на Бугарија во Еврозоната , изјави Донахју. 

Остани поврзан