• четврток, 26 декември 2024

Првиот стрип за Супермен чинел 10 центи, а сега е продаден за 3,25 милиони долари

Првиот стрип за Супермен чинел 10 центи, а сега е продаден за 3,25 милиони долари
Лос Анџелес, 8 април 2021 (МИА) - Примерок од првиот стрип во кој се појави суперхеројот Супермен е продаден за 3,25 милиони долари на наддавање на аукциската куќа „Комик-конект“. Акциониот стрип број 1, првично продаван за по 10 центи во 1938 година, сега е најскапиот стрип во светот. Инаку, приказната е за потеклото на Супермен, односно Кларк Кент, и се смета за почеток на жанрот „суперхерои“. Се верува дека денес има околу 100 примероци од овој стрип во светот. Овој е пронајден „закопан“ во стари филмски списанија од 1930-тите. Аукциската куќа соопшти дека стрипот е во одлична состојба. Новиот сопственик е „неименуван купувач“ кој е „релативен почетник во вложување“ во нови патешествија. Друг примерок од истиот прв број на стрипот беше продаден 2014 година, за 3,2 милиони долари.  си/сд/

Остани поврзан