• среда, 25 декември 2024

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД

Мелбурн, 22 мај 2024 (МИА) - Птичји грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а резултатите од првите тестови покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, соопшти денеска австралиското Министерство за земјоделство.

Голем број живина угина на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите

Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека се вршат тестови за да се утврди за каков тип на вирус се работи и колку е потенцијално сериозен.

„Од прелиминарните резултати знаеме дека ова не е истиот сој како оној што е пријавен во странство, вклучувајќи ги САД и Антарктикот“, се наведува во соопштението.

Кинеските власти во саботата објавија дека е потврдено присуство на вирусот на птичји грип кај популацијата на диви птици на западот на земјата, а во исто време во САД се зголемува загриженоста за ширењето на оваа заразна болест кај добитокот.

Надлежниот американско министерство во саботата соопшти дека добиле извештај за случаи на зараза во Кина, а Центарот за контрола на болести на животните и Националната референтна лабораторија потврдија дека се работи за птичји грип и дека избувнување на вирусот Х5Н1 меѓу млечните говеда беше пријавено од крајот на март во најмалку девет американски држави.

Во Австралија досега нема пријавени случаи на вирусот Х5Н1. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан