• петок, 27 декември 2024

Првиот модел со Даунов синдром на „Викторија’с сикрет“ достигнува нови височини

Првиот модел со Даунов синдром на „Викторија’с сикрет“ достигнува нови височини
Лос Анџелес, 17 февруари 2022 (МИА) - Софија Жирау влезе во историјата како прва манекенка на Викторија’с сикрет со Даунов синдром, откако им се придружи на 17 други жени во лансирањето на новата кампања на брендот. Софија Жирау, 25-годишна порториканска манекенка и активистка, им соопшти на своите обожаватели и следачи дека учествува во новата кампања на американскиот бренд за долна облека, „Викторија’с сикрет“. Модната линија е наречена „Love Cloud“, и се работи за колекција лежерна долна облека. Кариерата на Софија добива на интензитет откако дебитираше на пистите на Модната недела во Њујорк во февруари 2020 година. Оттогаш таа го привлече вниманието на модната индустрија. „Викторија’с сикрет“ покрена низа иницијативи изминативе неколку години за да се обиде да го врати кредибилитетот поради намалената продажба и претходни обвинувања за сексуални злосторства и вознемирување на моделите. Новите потези на компанијата го вклучуваат и првиот градник за жени подложени на мастектомија, различни бои на долна облека за различни тонови на кожа, како и ангажирање на трансродовиот модел Валентина Сампајо. Таа беше вработена по критиките дека на компанијата ѝ недостигаат различности.  си/ссм/

Остани поврзан