• сабота, 28 декември 2024

Прва трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

Прва трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Првата трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, на тема „ЕУ за македонската економија", ќе се одржи вечер во 19 часот, а обраќање ќе има и премиерот Димитар Ковачевски. Трибината ќе се одржи на плоштадот „Јадран“, кај Арапска куќа во Скопје, соопштија од владината прес-служба.

Покрај Ковачевски, на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески од Институтот за економски анализи Фајнанс тинк, како и Ирена Јакимовска од компанијата „Комфи Ангел“.

- Во рамки на напорите на Владата на Република Северна Македонија за исполнување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ, појаснуваат од владината прес-служба.

Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“. Таа ќе се реализира во осум градови низ државата. Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Ќе се има конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика. бд/лв/

Фото: Фејсбук страница на премиерот Димитар Ковачевски

Остани поврзан