• четврток, 26 декември 2024

Прва средба на Комисијата за локален развој во Куманово со претставниците на бизнис заедницата

Прва средба на Комисијата за локален развој во Куманово со претставниците на бизнис заедницата
Куманово, 17 февруари 2023 (МИА) - Во рамки на локалниот економско социјален совет на општина Куманово денеска во просториите на општината се одржа првата средба на новоформираната Комисијата за локален економски развој.
 
На состанокот на кој присуствуваа преставници од локалната бизнис заедница беа презентирани идните планови и задачи, како дел од стратешката определба на КЛЕР – Куманово за тековната 2023 година.
 
Присутните стопанственици од различни сектори зборуваа за енергетиката, користењето на обновливи извори на енергија за намалување на трошоци при производство, за мерките кои се достапни за намалување на трошоци при инвестирање и производство како ИПАРД, различни програми за развој. Присутните разменија информации за можностите кои нивните колеги од соседните држави ги користат за поуспешен развој.

- Насоката на Комисијата е развивање на економијата, на производството, пред сè како значаен двигател на стопанството. Добро е што на средбата присуствуваа голем број стопанственици од различни гранки и што се отворија многу теми. Зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат во различни циклуси производството, во трговијата, занаетчиството, туризмот и други работи. Произлегоа повеќе идеи и во идниот период ќе бидат предмет на решавање, со цел да се постигне поголем економски развој. Драго ми е што во локално патриотски дух за развој и почитување на средината во која живееме почнавме да работиме и се надевам дека ќе останеме во таа насока. Тука сме да понудиме решенија. На располагање имаме доста фондови, значајни грантови кои вреди да ги искористиме. Има наши стопанственици кои ги користат грантовите и развојот е има забележлив, изјави претседателот на Комисијата, Бранко Зафировски.

Во насока на заштита на малите и средни претпријатија на средбата претставниците дискутираа за апликација на финансиски средства од различни фондови кои нудат поволни услови, навремена информација за инспекциска контрола и формирање на тим од стручни лица кој ќе ги лоцира и решава проблемите на стопанствениците, во координација со надлежните институции и КЛЕР – Куманово. ам/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан