• петок, 13 февруари 2026

Прва слаломска победа на Фелер во Кицбил

Прва слаломска победа на Фелер во Кицбил

 

Кицбил, 25 јануари 2026 (МИА) – Австриецот Мануел Фелер славеше денеска пред своите навивачи на слаломската трка во Кицбил во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Фелер, кој беше четврти по првото возење, на крајот победи со 35 стотинки предност пред водечкиот по првата трка Швајцарецот Лоик Мејард.

Третото место го освои Германецот Линус Штрасер, заостанувајќи 53 стотинки зад Фелер, кој прв пат во кариерата победи на слаломска трка во Кицбил.

Во поредокот во слалом, води Пињеиро Братен со 401 бодови, пред Ноел Клемент (375) и Атле Ли Мекграт (372).

Во генералниот пласман, Швајцарецот Марко Одермат е прв со 1285 бодови, пред Пињеиро Братен (668) и Мејард (583).ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан