• недела, 24 ноември 2024

Прва победа на Шалке во Бундеслигата од јануари 2020

Прва победа на Шалке во Бундеслигата од јануари 2020
Гелзенкирхен, 9 јануари 2021 (МИА) – Екипата на Шалке 04 ја прекина серијата од 30 натпревари без победа во Бундеслигата, откако вечерва триумфираше над домашен терен над Хофенхајм со 4:0, во рамки на 15 коло во Бундеслигата. Победата на тимот од Гелзенкирхен ја најави Метју Хоп во 42 минута со својот дебитантски гол во Бундеслигата, по што 19-годишниот Американец додаде уште два (57, 63), за хет-трик. Печат на триумфот стави мароканскиот репрезентативец Амин Харит во 80 минута.  За еден од најславните германски клубови ова беше прв триумф во Бундеслигата од 17 јануари 2020 година, кога Шалке славеше над Борусија Менхенгладбах со 2:0. Од тој меч, Шалке беше во низа од десет нерешени и 20 порази и дојде на само чекор до израмнување на рекордот на Тасманија Берлин од 31 натпревари без триумф во Бундеслигата, постигнат во сезоната 1965/66. Триумфот го искачи Шалке на претпоследното место на табелата со седум бодови, а во следното, 16 коло, екипата гостува на Ајнтрахт Франкфурт. ег/

Остани поврзан