• среда, 25 декември 2024

Прва победа на македонските кошаркарски јуниори на ЕП

Прва победа на македонските кошаркарски јуниори на ЕП
Измир, 6 август 2022 (МИА) – Македонската јуниорска машка кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство во А дивизијата, откако попладнево во Измир триумфираше над Црна Гора со 65-62 и ги задржа шансите за опстанок во елитната конкуренција. Најефикасен во македонските редови беше Андреј Шошкиќ со 16 поени, додека Тони Симиќ го заврши натпреварот со дабл – дабл ефект (13 поени и 14 скокови). Следен противник на македонските кошаркари, в недела, ќе биде Хрватска. Со победа на утрешниот натпревар македонската репрезентација ќе го освои 13. место и ќе обезбеди опстанок во друштвото на најдобрите јуниорски селекции на Стариот континент. ег/цр

Остани поврзан