• недела, 24 ноември 2024

Прва масовна вакцинација против маларија во Камерун

Прва масовна вакцинација против маларија во Камерун

Јуанде, 22 јануари 2024 (МИА) - Во Камерун почна првата програма за рутинска вакцинација против маларија во светот, со верување дека вакцината ќе спаси животи на илјадници деца низ Африка, јавува Би-Би-Си. 

Симболичната прва доза ја прими малото девојче Даниела во Јаунде, главниот град на Камерун.

Секоја година во Африка од маларија умираат 600.000 лица, пресмета Светската здравствена организација (СЗО), а децата на возраст под пет години сочинуваат најмалку 80 отсто од смртните случаи.

Камерун воведе бесплатна вакцина за сите доенчиња до шест месеци, а потребни се вкупно четири дози. 

Според американските научници, вакцината е ефикасна во 36 отсто од случаите, што значи дека треба да спаси најмалку еден од три животи. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан