• сабота, 28 декември 2024

Прва клапа на краткометражниот филм „Прошетка“ на режисерката Елеонора Венинова

Прва клапа на краткометражниот филм „Прошетка“ на режисерката Елеонора Венинова
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - „Прошетка“ e драматуршки и визуелен предизвик, вели Венинова за нејзиниот нов краткометражен филм чие снимање почна денеска на Градските гробишта Бутел во Скопје. Филмот раскажува приказна за мало девојче кое низ разговор со непозната жена се обидува да дознае што се случило со нејзината баба. - Со овој филм ќе ја комплетирам мојата трилогија на смртта која ја сочинуваат и филмовите „Борба за смрт“ и „Знак“ и со тоа ќе затворам едно поглавје во мојата кариера, вели Венинова, којашто токму со овие филмови има учествувано на бројни фестивали и има освоено неколку награди. Главните улоги ги толкуваат Билјана Драгичевиќ Пројковска и младата Надиа Кирковска, директор на фотографија е етаблираниот македонски кинематографер Фејми Даут, а филмот го продуцира Венинова заедно со Гоце Кралевски преку ТРИ ТОЧКИ продукција. - Ова е еден од поинтересните проекти на кои имам работено затоа што концептот на филмот е различен и нешто што ретко го гледаме во нашата кинематографија. Бара навистина добра координација и уиграност на креативната екипа на сет, но верувам дека ќе имаме одличен филм, вели Кралевски. Сценографијата е на Александра Петкова, костимографка е Жаклина Крстевска, шминката е на Ирена Сенокозлиоска, а Дарко Спасовски е дизајнер на звук. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на Три точки и во соработка со ДНФ Филм и Вардар Филм. Претходниот филм на Венинова, драмата „Преекспонирано“ ќе ја има светската премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Каиро во ноември.см/дма/

Остани поврзан