• недела, 24 ноември 2024

Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола

Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура. - Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола. Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик. Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска-Илијевски, ЛИЛА - Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО - Никола Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка - Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик - Сузана Станоевска.фф/бак/ https://www.youtube.com/watch?v=UFpVnHBIjwo&list=PLATDt0nuWsfMwwQK6aZoxJuy3W6pajLQ7

Остани поврзан