• среда, 25 декември 2024

Првата дама на САД Џил Бајден разговараше телефонски со Меланија Трамп

Првата дама на САД Џил Бајден разговараше телефонски со Меланија Трамп

Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Првата дама на САД Џил Бајден телефонски разговарала со нејзината претходничка Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави Ен-Би-Си њуз,повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.

Како што е наведено, Џил Бајден разговарала со Меланија Трамп во неделата попладне.

Разговорот уследи по атентатот врз Трамп во саботата за време на неговиот предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога беше полесно повреден.

Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот беа убиени, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан