Пратеничките групи за соработка на средба во Косово
- Во рамки на официјалната посета на Република Косово Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово оствари средба со Групата за пријателство на Собранието на Косово со Собранието. Како што информира собраниската прес-служба, на средбата присуствувале пратениците Имрлије Салиу-Фетаи, претседател на Групата и Тони Јаревски, член на Групата,а од косовска страна Авни Дехари, Влора Думоши и Салих Зуба.
Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на официјалната посета на Република Косово Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово оствари средба со Групата за пријателство на Собранието на Косово со Собранието. Како што информира собраниската прес-служба, на средбата присуствувале пратениците Имрлије Салиу-Фетаи, претседател на Групата и Тони Јаревски, член на Групата,а од косовска страна Авни Дехари, Влора Думоши и Салих Зуба.
-Претседателката на Групата за соработка со Парламентот на Косово, Имрлије Салиу-Фетаи изрази благодарност за срдечниот прием и конструктивните средби со претставниците на Република Косово. Салуи Фетаи ја истакна важноста на постојаната комуникација меѓу парламентите на сите нивоа, особено на ниво на Групи за соработка и оцени дека динамиката на возвратни посети е соодветна, имајќи во вид дека делегацијата на Групата за пријателство Косово-Северна Македонија од Собранието на Косово оствари посета на Северна Македонија, по покана на тогашниот претседател на Групата за соработка со Парламентот на Косово, Африм Гаши, се вели во соопштението.
Претседателот на Групата од косовскиот Парламент Дехари истакнал дека членовите на Групите за соработка во постојана и непречена комуникација за прашањата кои ги засегаат граѓаните на двете држави. Групите за соработка и пријателство се фокусираат можностите за унапредување на културната размена, политиките за реципрочна размена на студенти, инфраструктура, спречување на иселување на младите. Се заблагодариле и за постојаната поддршка од страна на Република Северна Македонија при надминување на сите предизвици пред кои беа и се исправени граѓаните и политичарите на Косово.
Пратеникот Јаревски подвлекол дека новиот состав на Собранието и работи на одржување на блиски и конструктивни односи со Република Косово. Покрај географската близина и државните граници, нагласил, двете држави споделуваат исти предизвици и меѓусебно се поддржуваат при нивно надминување – отворање нови работни места, унапредување на економската соработка, имплементирање на стандардите на ЕУ. Во име на Групата за соработка искажал подготвеност за споделување искуства и експертиза во процесите за отпочнување на преговори со ЕУ.
Пратениците се согласиле дека односите меѓу двете Собранија треба да бележат позитивен раст, а поддршката на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Советот на Европа и Франкофонијата треба да продолжи од страна на Собранието на Република Северна Македонија, особено затоа што пратениците споделуваат заедничка визија за стабилен регион, интегриран во Европската Унија и НАТО. сст/са/
Фото: Собрание