Пратеничка пријавила закани
- Таа пријавила дека околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани.
Скопје, 2 јули 2025 (МИА) - Пратеничката С.П. од Скопје, денеска во два часот во Полициската станица - Кисела Вода пријави дека околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/са/
Фото: МИА архива