• четврток, 19 декември 2024

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. - По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права, изјави денеска во прес-салата на Собранието, Мицевски. Талат Џафери, како што рече тој, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавиот дом. -Овој човек нема почит спрема никого, ниту кон собраниската служба која ја навредуваше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту кон пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала. Ова се крици на еден немоќен и неспособен човек кој што не може да изгради сопствен авторитет ниту кај службата ниту кај пратениците и затоа незнаејќи што да прави се дрзнува насила да спроведува режим кој што е далеку од демократски, рече Мицевски. За Талат Џафери, како што додаде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не постои Деловник ине постојат човекови права. -Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата. Ова е човек што си дозволува да фрла амандмани на опозиција во контејнер, да омаловажува вработени во Собранието, луѓе професионалци кои се криви само затоа што одбиваат да ги примаат неговите наредби кои се незаконски, насилно да ги заклучува пратениците во Собранието, да крие закони и интерпелации во фиока и да го ускратува уставно загарантираното право на пратеник да ги застапува граѓаните кои што го бирале, истакна Мицевски. Според него, сето ова случува со амин и знаење на СДСМ кои што, како што рече, секојдневно ги бранат постапките на Џафери сакајќи најлошиот претседател на Собранието во историјата да го претстават како најдобар. -Нам ни е јасно дека Џафери и СДСМ ќе направат се, повторно да избегаат од одговорност како многупати досега и исто така им порачуваме дека оваа интерпелација не смее да заврши повторно кај него во фиока и никогаш да не ја стави на седница како што се случи со предходната што ја поднесовме. Редот и функционирањето на Деловникот мора да се вратат во Собранието на Република Македонија. Самоволието, деспотското раководење и сите други методи на кои е навикнат Џафери може да си ги применува само во својата партија и кај него дома, посочи Мицевски. Тој ги повика пратениците од СДСМ да им се приклучат и заедно да му кажат „стоп“ на Талат Џафери, кој што секој ден се повеќе го урнисува законодавниот дом. -Исто така, го повикуваме и премиерот Димитар Ковачевски, еднаш барем да се заинетересира и да се постави како вистински премиер, а не да молчи и да бега од јавноста бидејќи ова што се случува е и негов срам, рече Мицевски. дма/лв/

Остани поврзан