• четврток, 26 декември 2024

Пратеници на СДСМ побараа оставка од претседателката на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија, Мизрахи

Пратеници на СДСМ побараа оставка од претседателката на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија, Мизрахи

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Пратениците членови на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Онкологија на денешната прес-конференција побараа оставка од претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи поради, како што рекоа, направила преседан и ги прочитала заклучоците и покрај тоа што тие не биле гласани на седница на Комисијата.

-Денеска бевме сведоци на една класична политичка злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претстедателката на Анкетната  Комисија за случајот на онкологија во политички цели. Имено, сакајќи да ги претстави своите или заклчучоците добиени од белата палата како заклучоци ан Комисијата, направи преседан и ги прочита и покрај тоа што баравме реплика по тоа што не кажа дека тоа се нивни или нејзини заклучоци. Без гласање од Комисијата, ги прочита заклучоците и даде пауза од еден час, истакна пратеникот и член на Комисијата од редовите на СДСМ. Згора на тоа, ја зема улогата на обвинител и судија. Уште не изрече пресуда. Ќе видиме кој олку години треба да лежи. Тоа е спротивно на Деловникот за работа, тоа е злоупотреба на функцијата од страна на претседателката на Анкетната Комисијата и бараме нејзина оставка, изјави пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

Ова, според Коциќ, е доказ дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за правење на Анкетна комисија била само политизирање на случајот и собирање политички поени без никаква грижа за пациентите и за она што во иднина треба да се случи и на тоа што во минатото се случувало години наназад. Коциќ потенцира дека работа на членовите на Анкетната Комисија взр основа на Деловникот за работа била да се открие дали имало злоупотреба на лекувањето и правата на пациентите за лекување на соодветната Клиника.

-За жал, се покажа дека грижата за пациентите и интересот за тоа што се случило е минимален, односно не постои. Единствена грижа е како да се собираат политички поени и како да се оврнат тие луѓе кои набавувале биолошка терапија, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога апциентите биле оставени да се лекуваат со лекови од странство врз основа на тврдење на пациентите и сведоците кои беа повикани како сведоци за време на Анкетната Комисија, рече Коциќ.

Пратеникот Коциќ ги прочита и 13-те заклучоци поднесени од неговата партија за случајот во Клиниката за онкологија.

1.Бараме од ОЈО под итно да ги расчисти сомнежите за злоупотреба на терапија на Клиниката за онкологија, како и потенцијалното негативно влијание врз здравјето и животот на пациентите.

2.Постоеле долгогодишни системски слабости во функционирањето на Клиниката, констатирани и во извештаите на ДЗР за 2021, 2012 и 2008 година.

3.Се констатира дека во 2017 година не била набавувана современа иновативна терапија за лекување на пациентите на Клиниката.

4. Измените на Законот за здравствена заштита со кои се дозволува увоз на лекови без серификат за квалитет  од земји надвор од ЕУ претставувал потенцијална опасност од увоз на лекови со сомнително потекло.

5.Да се доенсе нов начин на финансирање на целокупниот здравствен систем и имплементација на track and trase системот согласно искуството од земјите на ЕУ

6.Модернизација и регионализација на онколошките центри ширум државата.

7.Набавката на Централен систем за терапија со нефункционален софтвер и недоволен кадар, не ја исполнил намената за која бил набавен.

8.Со набавка на биолошка терапија од 2017 година, нагло се зголемува дохохот на Клиниката посебно за 2022 година, но и бројот на пациенти кои се третираат со истата.

9.Потребно е воведување законски измени за редовни превентивни прегледи за заштита на здравјето на граѓаните.

10.Да се спроведат препораките на ДЗР и да се донесат измени во Законот за јавни набавки.

11.Да се обезбеди редовна квалитетна набавка на лекови на иновативна биолошка терапија, врз основа на измените на Законот директно од производителот.

12.Продолжување на постапката за ревидирање на позитивната листа.

13.Да не се набавува оперма, без соодветен функционален систем и без обезбеден протокол и персонал за работа, а опремата и апаратите кои се во функција, веднаш да се стават на располагање на пациентите.фф/са/

Фото: МИА

Остани поврзан