• четврток, 26 декември 2024

Пратениците Пешевска, Поцкова и Трајанов на средба со граѓани: Се што ќе ветиме, ќе исполниме

Пратениците Пешевска, Поцкова и Трајанов на средба со граѓани: Се што ќе ветиме, ќе исполниме
Скопје, 26 јуни 2021

Денес пратениците Жаклина Пешевска, Јадранка Поцкова и Здравко Трајанов остварија средба со граѓаните.

На средбите беше посочено дека освен националното понижување од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев, власта не доволно се справува со економската и здравствена криза која најмногу ја чувствуваат токму граѓаните.

Поради неспособноста на власта навремено да обезбеди вакцини за сите граѓани, се соочивме со голем број на починати и заразени од корона вирус, а дополнително сета оваа ситуација негативно влијаеше и врз македонската економија. И поради ова оправдана е загриженоста на граѓаните за своето здравје, бидејќи власта која треба да се грижи за граѓаните во вакви услови единствено што и беше важно е да профитира со набавка на вакцините, вели Поцкова.

На средба Пешевска слушајќи ги проблемите со кои се соочуваат граѓаните рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се грижи за проблемот на секој граѓанин подеднакво и истакна дека во иднина партијата ќе обезбеди еднаков третман за сите граѓани, бидејќи според неа доста е од поделбите од граѓани од прв и втор ред кои што го прави директно СДСМ и Зоран Заев.

Ние се што можеме да ветиме, тоа и го исполнуваме. За нас најважни се проблемите на граѓаните и нивните потреби. Она што го слушам денеска од вас, ви ветувам дека во иднина нема да претставува проблем, односно заедно преку низа проекти и мерки ќе обезбедиме подобар животен стандард за сите граѓани. Не смееме да дозволиме во нашата држава да се случуваат поделби на општеството, од прв, втор или трет слој. Тоа што Заев и СДСМ го прави на штета на граѓаните, веќе и самите го увидовте и поради тоа на следните избори ќе бидат казнети, вели Пешевска на средбата.

Пратеникот Здравко Трајанов од Радовиш, нагласи дека лошата состојба во земјоделието е поради немањето слух на власта за решавање на проблемите на земјоделците кои за жал секоја година се, се поголеми.

Трудот на земјоделците мора да биде вреднува и соодветно платен. Маките на земјоделците требаа да завршат како што ветуваше Заев и СДСМ во предизборниот период, но од она што го гледаме денеска е дека тие се се поголеми, што значи дека ова е уште една лага на Заев. Ако сакаме во иднина нашата држава да произведува мораме да се потрудиме да им овозможиме услови на земјоделците, но и да им го платиме трудот. Македонското земјоделие е на колена, а власта наместо да нуди решенија и помош, таа ги игнорира земјоделците и ги понижува, истакна тој.

На средбата пратениците упатија порака дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да дозволи уште едно национално предавство од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев, како и дека многу набргу ќе се стави крај на поделбите на граѓаните од прв и втор ред.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан