• среда, 25 декември 2024

Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот амбасадор во заминување

Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот амбасадор во заминување

Скопје, 24 јули 2024

По повод 97 години од формирањето на Народноослободителната војска на НР Кина, пратениците од редовите на Левица - Реџеп Исмаил - Хактан и Сашко Јанчев присуствуваа на манифестацијата организирана од нивна страна на одбележувањето на овој празник.

Воедно, по повод завршувањето на мандатот, неговата екселенција, Жанг Ѕуо, госпоѓа Јанг Јуанчун и военото аташе, полковник Зу Нинг од страна на нашите пратеници и раководството на партијата им беше посакана успешна дипломатска кариера во иднина.

Како идеолошки блиски, Левица во иднина ќе продолжи да ги негува односите со НР Кина, како на партиско, така и на институционално ниво! 

 

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан