• недела, 24 ноември 2024

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Стојаноски и Јаревски ги повлекоа сите предложени амандмани за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Стојаноски и Јаревски ги повлекоа сите предложени амандмани за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Собраниската Комисија за европски прашања денеска продолжи со амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од Владата. На почетокот на седницата на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара да бидат повлечени сите амандмани поднесени од него и од колегата пратеникот Тони Јаревски.

–Барам да се повлечат со цел побрзо да дојдеме до амандманите предложени од мнозинството, па да видиме за таму како ќе се изјасни мнозинството, а и за да дискутираме за тоа што го бараат пратениците со амандманите кои се поднесени од нив, рече тој.

На седницата беа одбиени и три амандмани предложени од пратеничките Моника Зајкова и Маја Морачанин.

Пратеничката Вјолца Адеми од ДУИ побара пауза поради тоа што сака да предложи амандман на Комисијата и потребно им е време да се подготвуваат за амандманот. По ова барање на пратеничката, претседателот на Комисијата за европски прашања Арбр Адеми даде пауза од еден час.

Стојаноски нагласи дека лицемерно е да кажат власта дека сакат да ги заштитат учениците и притоа во овој закон дозволуваат онлајн коцкање со никаква забрана за каде тоа може да биде имплементирано.

-Во дневните соби и училниците ќе влезе онлајн коцкањето коешто со овие три лиценци потпишани од Артан Груби. Партизацијата на овој сектор или дуизацијата или артанизацијата која што е присутна можете да ја видете насекаде, од оние фирми кои ги добиваат тендерите на Државната лотарија, од директорот, од управните и надзорните одбори на сите овие компании кои добија лиценци а се четири на број – три лиценци за онлајн коцкање и едно за видео лотарија. Тука не се работи дека некој сака да ги заштити учениците и коцкарниците да ги тргне надвор од училиштата. Ако се сакаше тоа да се направи, тоа можеше да се направи само со една измена во членот 10, рече Стојаноски.

12 февруари 2023 

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците, односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надомест за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомат клуб.
Измените на Законот предвидуваат соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа да мора да поседуваат репутација, а деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Начинот на мерење на оддалеченоста, како што стои во предлогот, ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии.

Покрај тоа, со измените и дополнувањата се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа, се зголемува месечниот надомест за лотариските и електронските игри на среќа, се посочува дека електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии и се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови). Воедно, се зголемува надоместот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25-тото, приредувачот плаќа надомест во износ од 10.000 евра. Се зголемува и надоместот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Се прецизира дека лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра. Се зајакнува регулативата и во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет.фф/аа/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан