• среда, 25 декември 2024

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Комисија за образование: Денеска сме на барикадите во Собранието, во одбрана на историјата како посебен предмет

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Комисија за образование: Денеска сме на барикадите во Собранието, во одбрана на историјата како посебен предмет
Скопје, 15 јуни 2021 
Денес не стигнавме на барикадите пред МНР, но затоа денес сме на барикадите во сала Борис Трајковски во Собранието на Република Македонија во одбрана на Македонската историја....истрајни и цврсти во борбата ИСТОРИЈАТА ДА БИДЕ ПОСЕБЕН ПРЕДМЕТ!
И понатаму се бориме за зачувување на македонската историја, за задолжителен предмет Историја. Ќе продолжиме до доцните часови бидејќи Македонија и македонската историја тоа го заслужуваат од сите нејзини граѓани. За жал колегите од СДС ја предадоа и продадоа историјата на нивните штетни политики.
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Комисија за образование
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 ____________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан