• сабота, 23 ноември 2024

Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија

Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) – Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павлова Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140. Седница на Собранието на Република Северна Македонија закажана за в среда.

Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во републичкото обвинителство.

Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска.

Професорката Ана Павлова Данева доаѓа од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Таа беше предложена откако СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески кој беше предложен пред скоро две години. Уставен суд подолго време работеше по нецелосен состав, а изборот на Павлова Данева, би го пополнил последното празно место во Судот. ар/аа/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан