• среда, 18 декември 2024

Пратениците во Албанија остваруваат над четири илјади евра месечни примања, половина бонуси

Пратениците во Албанија остваруваат над четири илјади евра месечни примања, половина бонуси

Тирана, 13 декември 2024 (МИА) - Собранискиот платен список покажува дека албанските пратеници во ноември добиле плата по 4.044, од кои половина на име дневници, гориво, кирии и телефон.
Платите, пратениците пред речиси една година, со одлуката што ја изгласаа, си ги зголемија платите на 2.295 евра од 1.173 евра.

Во меѓувреме, хонорарите, надоместоците за гориво, кириите, телефонските и други надоместоци значително се зголемени, откако во собранието беше изгласан законот за плати и бонуси. На пример, секој пратеник добива по 173 евра за телефон, 408 евра за гориво и по 102 евра за состаноци на комисиите. вт/

Остани поврзан