• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пратеник на Путин: Светот денеска стана многу побезбедно место

Пратеник на Путин: Светот денеска стана многу побезбедно место

Москва, 18 март 2025 (МИА) – Кирил Дмитријев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека под водство на неговиот шеф и американски претседател Доналд Трамп, светот денеска стана многу побезбедно место.

Белата куќа пред околу половина час соопшти дека телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин е завршен.

Повикот траел околу час и половина.

Други детали засега не се соопштени. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан