Пратеник во ИЕ6 се станува со 6 662 гласови, во ИЕ1 со 9 018
- Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8 088 гласа.
Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8 088 гласа.
Ова го покажува анализата на МИА на вкупниот број на гласови што партиите ги освоија во секоја од шестте изборни единици на Парламентарните избори 2024 година поделени со бројот на мандати.
Во Изборна единица 2, еден пратеник чини 8 577 гласови, нешто помалку во Изборна единица 3 – 8 035 гласови и 8 264 во Изборна единица 4.
Изборна единица 5 е местото на кое еден пратеник се добива со 7 959 гласови на граѓаните.
Симулацијата на изборните резултати од Парламентарните избори 2024 година, според Донтовиот модел, доколку цела држава би била Една изборна единица, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ би имале два помалку од освоените мандати, односно 56, СДСМ плус еден (19), ДУИ два помалку, или 17, Вреди исто како и сега - 13, Левица плус два пратеници (8) и ЗНАМ еден повеќе, или седум пратеници. Во случај на една изборна единица секој пратеник би вредел по 8 088 гласа. ар/аа/
Фото: МИА