• сабота, 23 ноември 2024

Пратеникот Снопче учествуваше на средбата на млади лидери организирана од страна на Европскиот парламент во Брисел

Пратеникот Снопче учествуваше на средбата на млади лидери организирана од страна на Европскиот парламент во Брисел
14 октомври 2022 
Пратеникот Халил Снопче, од 10-14 октомври учествуваше на средбата на млади лидери организирана од страна на Европскиот парламент во Брисел, за државите од Западен Балкан.
Во рамките на тридневната средба тој имаше можност да учествува во дискусија на повеќе различни теми поврзани со темата „криминал од омраза“. Пратеникот Снопче во рамките на овие седници зборуваше за различните случаи на дискриминација поврзани со криминал од омраза. Тој спомна конкретни примери во врска со криминалот од омраза поврзани со верските прашања во Република Северна Македонија. Исто така зборуваше и за криминалот од омраза заснован на етничка припадност, образование, криминал од родова омраза и други видови криминал од омраза во Република Северна Македонија. Во продолжение, г. Снопче го истакна проблемот поврзан со прашањето за пријавување на овие видови на криминали од омраза. Пријавувањето за овие проблеми е комплицирано поради стравот од откривање на случаите, недовербата дека надлежните органи ќе преземат мерки за нивно расветлување, како и поради грижата за личната безбедност доколку истите се расветлат.
Во рамките на оваа посета г. Снопче имаше и можност директно да учествува и да гостува на состанокот на Европската комисија кадешто Комесарот Вархеи го презентираше извештајот на земјите од Западен Балкан како напредок.
Алијанса за Албанците
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан