• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пратеникот на Трамп, Виткоф смета дека Путин сака траен мир во Украина

Пратеникот на Трамп, Виткоф смета дека Путин сака траен мир во Украина

Вашингтон, 15 април 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф три дена по средбата со Владимир Путин изјави дека рускиот претседател сака „траен мир“ во Украина.

„Можеби сме на работ на нешто многу, многу важно за целиот свет“, рече Виткоф синоќа во интервју за американскиот канал Фокс њуз.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да стави крај на војната во Украина и ја прекина дипломатската изолација што Западот му ја наметна на неговиот руски колега за да разговара за тоа. Неговата администрација одржува одделни разговори со високи руски и украински претставници, но досега тие разговори не доведоа до сеопфатен прекин на непријателствата.

Дипломатските преговори продолжуваат, без решителни отстапки од Москва. Киев и некои западни земји ја обвинуваат Русија, чија армија е поголема и подобро опремена на фронтот, дека намерно ги одложува преговорите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан