• недела, 24 ноември 2024

Пратеникот Миле Талевски учествува на НАТО јавен форум во Вашингтон

Пратеникот Миле Талевски учествува на НАТО јавен форум во Вашингтон

11 јули 2024 

Во рамки на активностите поврзани со НАТО Самитот на шефовите на држави и влади на НАТО по повод 75-годишнината од Алијансата, на 10 и 11 јули 2024 г. во Вашингтон паралелно се одржа НАТО Јавен Форум со бројни учесници на глобално ниво. Парламентарното собрание на НАТО, преку Одделот за јавна дипломатија во НАТО, обезбеди покана за сите шефови и заменици шефови на делегациите на
парламентите на земјите-членки на ПС НАТО, за учество на Форумот.

Од Собранието на Форумот учествуваше пратеникот Миле Талевски, заменик-шеф на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО.

Јавниот форум на НАТО е отворен настан заеднички организиран од НАТО и Владата на САД со организациите на граѓанското општество, во соработка со Атлантскиот совет, Центарот за нова американска безбедност, ГЛОБСЕК, Германскиот Маршалов фонд на Соединетите држави и Институтот Хадсон.

Првиот ден НАТО Јавниот форум го отворија Ентони Блинкен, државен секретар на САД, Лојд Остин, државен секретар на САД за одбрана и Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО.

Вториот ден Форумот го отвори Џејк Саливен, национален советник за безбедност, по што следеа панел дискусии, трибини и студиски интервјуа со онлајн учество на публиката.

Форумот промовираше подобро јавно разбирање на политиките и целите на НАТО и одлуките што треба да се донесат на Самитот во Вашингтон, преку дијалог и ангажман со единствена и разновидна група на засегнати страни, од шефови на држави и влади и министри, до меѓународни безбедносни експерти, креатори на мислење, академици, новинари и млади луѓе, во серија панел-дискусии, дебати и интерактивни сесии на различни теми од агендата на НАТО. Форумот обезбеди клучни говори од истакнати функционери, интерактивни панел дискусии на различни теми поврзани со меѓународната безбедност, можности за поврзување со други лично и онлајн од земјите-членки на НАТО и земјите партнери.

Беа реализирани неколку паралелни сесии за прашања и одговори и за споделување на сопствените перспективи на учесниците, меѓу кои и посебен Панел посветен на Западниот Балкан, на кој учествуваа министри за надворешни работи на земји од овој регион. 

Собрание на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан