• вторник, 24 декември 2024

Пратеникот Крмов оствари средба со проф. Константин Димитров

Пратеникот Крмов оствари средба со проф. Константин Димитров

Скопје, 3 ноември 2023

Вчера (02.11.2023 година), во Собранието на Република Македонија, пратеникот на Левица - Борислав Крмов оствари средба со професорот Константин Димитров, кој е дел од Здружението на инженери.
 
На конструктивната средба, беше потврден ставот дека скандалозниот договор со грчката компанија „ППЦ-Архиродон“ на 66 години за изградба на хидроцентралата Чебрен е еднакво на национално предавство и има непроценлива штета по независноста и самоодржливоста на Република Македонија.
 
Левица го поддржа ставот на професорот Димитров дека е крајно неетички и недeмократски да се отуѓува ваков проект, на само неколку месеци пред претседателски и парламентарни избори, вклучително што ниту една политичка партија во својата изборна програма не го понуди ова "решение". Исто така, соговорниците се сложија дека треба да се одложи потпишувањето на договорот за отуѓување на Чебрен и ваквиот проект да се понуди во предизборната кампања, каде граѓаните демократски ќе се изјаснат за ова прашање од стратешко значење.

Пратеникот Крмов потсети дека во изборната програма на Левица децидно стои дека Чебрен треба да го гради државата и дека на тој став е Левица е непроменлив. На средбата се заклучи дека, доколку Владата на СДС и ДУИ го потпише договорот за отуѓување на Чебрен спротивно на мислењата на енергетската фела и интересите на државата, следната Влада ќе има одговорност го поништи овој штетен договор, независно од финансиските реперкусии.
 
Еден од условите на Левица за партиципација во следната Влада на Македонија ќе биде и поништувањето на овој крајно штетен договор и кривична одговорност за инволвираните во ваквиот погубен проект. Левица недвосмислено застанува зад инженерската фела во нивната борба за спас на националното и стратешкото богатство Чебрен!

 

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан