• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Празнична планинарска акција „100 жени на Пелистер“

Празнична планинарска акција „100 жени на Пелистер“

Битола, 9 март 2025 (МИА) - Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола и планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“денеска  одржаа празнична планинарска акција „100 жени на Пелистер“.

- Планинарската акција почна од нашиот Инфо-центар и се одвиваше по историската патека на Бегова Чешма, изјави за МИА, Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“-Битола.

- Сто жени учеснички на планинарската акција ја погледнаа историската патека од местото викано Бегова Чешма се до Инфо центарот. За учесничките беше приредена презентација за планинските врвови што насекаде ги освои планинарот Горан Дамевски, а одржавме и презентација за лековитите својства на билките на планината Баба, истакна Тошевски.

Учесничките на планинарската акција „100 жени на Пелистер“ од ЈУ Национален парк „Пелистер“ добија празнични каранфили и публикација Прирачник за одржливо собирање и мониторинг на самоникнати растителни видови во Националниот парк Пелистер и преспанскиот регион.мт/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан