• среда, 13 ноември 2024

Празничен пикник на СДСМ за Денот на независноста во Пеленица

Празничен пикник на СДСМ за Денот на независноста во Пеленица
Скопје, 8 септември 2022 (МИА) - По повод празникот 8-ми Септември, Денот на независноста, во комплексот Пеленица (Манастир св.Руса, Драчево, општина Кисела Вода), ќе се одржи традиционалниот празничен пикник што го организира СДСМ. Како што е најавено, на настанот обраќање ќе има претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Традиционалниот пикник и народен собир започнува во 10.00 часот, со вкусна македонска храна, музика и заедничка дружба.цр/        

Остани поврзан