• четврток, 26 декември 2024

Празничен концерт на труба и пијано во Делчево

Празничен концерт на труба и пијано во Делчево

Делчево, 25 мај 2023 (МИА) - Во организација на НУ Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров" синоќа во Делчево се одржа концерт на труба и пијано во изведба на Благојче Ристов и Трајан Митев. Професорите од СМУЦ „Сергеј Михајлов" oд Штип се претставија со разновидна музичка програма карактеристична за инструментите со кои настапуваат.

-Заедно со мојот колега интерпретиравме програма од доцниот романтизам од познати светски автори. Ние двајцата заедно функционираме околу пет години и имаме настапувано во повеќе центри, рече Ристов кој се заблгоддари на директорот на Центарот за култира и Министерството кои помогнаа за реализација на нивниот настап.

Директорот на делчевската културна установа Љупчо Петровски задоволен од настапот на штипјани изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

-Беше чест да се присуствува на концертот на овие двајца уметници кои како вистински професионалци ни ја доловија сета астмосфера кои овие два инструменти можат да ни ја овозможат со нивните перформанси, рече Петровски.

Концертот се реализираше како дел од одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј кои се патрони на градот Делчево. вс/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан