• среда, 25 декември 2024

„Празниците зближуваат“ во Куманово, годинава со садење зимзелени дрвја

„Празниците зближуваат“ во Куманово, годинава со садење зимзелени дрвја
Куманово, 6 декември 2021 (МИА) - Ученици од паралелките на македонски и албански наставен јазик од средното кумановско училиште „Перо Наков“, денеска по повод Бадник и Божиќ, засадија зимзелени дрвја во дворовите на училиштата. И годинава продолжи активноста од „Безбедни училишта“ која како идеја под мотото „Празниците зближуваат“ и предлог на учениците оваа година заеднички се одбележува по десетти пат, но поради пандемијата изостана заедничката трпеза.
Со заедничкото садење на дрвјата, учениците симболично порачаа дека соживот и пријателството треба да се негуваат и градат постојано, како што засадените дрвја треба да се негуваат, одгледуваат за да растат и се развиваат, а воедно придонесуваат за почист воздух и поздрава животна средина која е важна за сите.
- Активноста се спроведува во организација на училиштата и СВР Куманово, отсек за превенција, а има за цел меѓусебно запознавање, градење на доверба, почитување, воспоставување на комуникација и градење на довербата дека со сите различности секое дете е исто и проблемите и предизвиците се исти за сите, само заедно може подобро да се справиме со насилствата, злоупотребите, асоцијалното однесување и да создадеме безбедност и заштита за сите, пред сè за младите, истакнуваат надлежните од СВР Куманово кои учествуваа на настанот.
Учениците заедно со полициски службеници на граѓаните им поделија заштитни маски, како потсетување дека без оглед кои сме, кога и каде сме треба да се заштиме.
И градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски присуствуваше на настанот укажувајќи на целта на оваа манифестација која го задржа својот континуитет во поинаква форма поради пандемијата.ам/фф/

Остани поврзан