• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Празник на виното и на љубовта

Празник на виното и на љубовта

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Православните верници денеска го слават Свети Трифун - заштитникот на лозарите, а католиците Свети Валентин - Денот на вљубените. 

Традиционално, на овој ден се врши обредно закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Денес, лозjaта се закројуваат со желба и надеж за уште една поплодна година со традиционалниот благослов: „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“. Во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.

Според верувањата, Свети Трифун е чувар на растенијата и ги штити од разни штетници. Лозаропроизводителите на овој ден се молат да ги заштити нивите и лозја од скакулци, гасеници и други инсекти.

Културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

До 22 јуни 2021 година раководители и експерти од македонски и косовски претпријатија во областа на виното и индустријата за пијалaци може да се пријават за учество на виртуелното делегациско

Помладите генерации во земјава денеска го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта. бак/aa/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан