• среда, 13 ноември 2024

Празникот на Битола ќе биде прославен во новиот Офицерски дом

Празникот на Битола ќе биде прославен во новиот Офицерски дом
Битола, 2 ноември 2021 (МИА) - Општина Битола празникот на градот 4 Ноември, ќе го прослави во новиот, реконструиран објект Офицерски дом. Првиот јавен настан во битолскиот Офицерскиот дом, што скоро една деценија беше затворен и неупотреблив ќе се одржи утревечер кога на актерот Петар Мирчевски ќе му биде доделено највиското општинско признание, наградата за животно дело „4 Ноември“. Според програмата, денот на ослободувањето на Битола ќе биде одбележан и со традиционалните менифестации, односно ноќна атлетска трка по Широк Сокак, кугларски турнир, шаховски турнир на слепи лица, ликовна изложба на Друштвото на ликовните уметници од Битола и други придружни манифестации. мт/цр

Остани поврзан