• среда, 25 декември 2024

Правото на глас го оствариле 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови за вонсемејна грижа и 1.235 затвореници

Правото на глас го оствариле 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови за вонсемејна грижа и 1.235 затвореници
Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) - Вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас денеска на вториот ден од гласањето на предвремените парламентарни избори. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица, соопшти вечерва на прес-конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани. -Според податоците на ДИК, вкупно гласале 7.861 лице како болни и немоќни. Овие податоци ќе се докомплетираат кога одредени општински ибзорни комисии ќе ги достават своите податоци од гласањето на оваа категорија граѓани, и во текот на утрешниот ден ќе ги објавиме сто отсто од податоците, рече Шабани. Од вкупниот пријавените 357 лица во домовите за вонсемејна грижа, пак, правото на глас го оствариле 234 односно 80,62 отсто. - Од гласачите кои се наоѓаат на издржување казна затвор во казнено поправни установи досега има добиено податоци за гласање на 1.235 лица. Треба да се достават податоци уште за КПУ Прилеп за да се комплентира во целост бројката за оваа категорија на лица. Од досега добиените податоци, излезеноста е 74,53 проценти, појасни Шабани. Денеска своето право на глас можеа да остварат 8.855 болни и немоќни лица, 357 граѓани во 17 старски домови и 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи. Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација.бт/са/

 

Остани поврзан