• четврток, 19 декември 2024

Правосудството во 2023 - од одложена, до застарена правда

Правосудството во 2023 - од одложена, до застарена правда

Скопје, 3 јануари 2024 (МИА) - Тоа што не успеа да се постигне со по разни основи одложени рочишта во судница и по некое „подавање“ меѓу прво и второстепените судови, на крајот од минатата година се постигна со измени „по скратена постапка“ на Кривичниот законик. Во 2023 година застареа дел од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“, „Талир“ и „Траекторија“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. 

Од Министерството кое што на почетокот на 2023 година најави дека ќе предложи целосно нов Кривичен законик, поради, како што кажа тогашниот министер „големиот број измени и дополнување", кон крајот на годината излезе со 38-те предлог измени, за кои јавноста најпрво дозна од кого не се предложени (актуелниот министер), за откако стигнаа во Собранието да види дека се предложени од кабинетот на заменик министерката за правда. 

Конечниот резулат од овие предлог измени, претставени во јавноста како порака дека „криминалот не се исплати", односно како решение за побрзо „изведување пред лицето на правдата" и повеќе „враќање на имотот од криминал" едноставно „ги разбуди" и најголемите идеалисти, како реалисти. Само неколку месеци по изгласувањето на измените на Кривичниот законик од пратениците во Собранието, во дел од случаите отворени од поранешното СЈО беше констатирана апсолутна застареност, додека во други обвинителите побараа преквалификација и примена на „олеснителните" законски измени.

Министерството за правда од 2020 година работи на целосно нов Кривичен законик, а поранешниот министер Никола Тупанчески повеќе од една година го најавуваше неговото носење во Собрание. Оптимизмот од почетокот на годинава дека ќе биде донесен до одморите, се замени со измени по кратка постапка на членот 353, изгласани со 49 гласа „за“, 36 гласа „против“ и еден воздржан. 

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судиим оцени денеска Министерството за правда во својата реакција за у

По повеќе од пет години низ судските ходници делот за прислушувањето во најголемиот предмет на СЈО „Таргет-Тврдина“ доживеа апсолутна застареност, а целата сметка од тоа ќе стигне кога адвокатите на сите вклучени во постапката ќе ги достават до Судот трошоците направени од одбраната.

Во меѓувреме довербата на граѓаните во правосудството е во „слободен пад“. Целосна доверба во судскиот систем и во обвинителството имаат еден процент од граѓаните, додека делумна доверба 17 и 18 проценти, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена во мај 2023 година. 

Во период од шест месеци јазот меѓу довербата и недовербата на граѓаните во судството е зголемена за осум, а во обвинителството за пет проценти.

Аболиција, одложувања, измени и застарувања...

Со измените на Кривичниот законик застареа или се изменија дел од обвиненијата во предметите „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Топлик“, „Моќник“ ... Според правните експерти, со измените на членот 353 и 394 апсолутна застареност за кривичен прогон ќе настапи за 14 судски предмети со над 80 обвинети лица. 

Главниот предмет „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за незаконското прислушување започна на 22 декември 2017 година против 11 лица, меѓу кои и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Во текот на постапката беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушани 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица. Првостепената пресуда Кривичниот суд ја објави на 26 февруари 2021 година, по нешто повеќе од три години. Вкупно 55 години и 10 години условни казни за 11 лица. Апелациониот суд Скопје, во декември 2022 година ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, со образложение за сторени „суштествени повреди“.

Претходно во април минатата година застаре уште едно дело на Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица. Кривичното дело на Мијалков за „примање награда за противзаконито влијание” застаре бидејќи се поминати повеќе од десет години од денот кога е обвинет.

Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека во моментот на завршу

Од предметите кои се водеа против Мијалков, тој доби ослободителна пресуда за „Тортура“, затворската казна од една година и три месеци за „Плацови на Водно“ му беше заменета за четири години условна, додека единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“, во кој се спогоди со обвинителството. Тој одлежува три години, во затворот од отворен тип во „Струга“, откако ја промени својата адреса на живеење.

Од застарувањето „профитираа“ и други случаи на поранешното СЈО. Во ноември Обвинителството изврши измена на обвинението за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, откако со измените застаре делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески. Во овој случај Јанакиески се товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Кривичен минатата година поради застарување ја запре и постапка за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања и со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за случаите „ТНТ“ и „Траекторија“.

Официјално застаре и „Топлик“, случајот отворен од поранешно СЈО против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за проектот „Сончев град“. И овој случај беше вратен на повторно судење, а застаре на првото рочиште во Кривичен поради измените на Кривичниот. 

Со измените застареа и дел од обвиненијата во „Моќник“. Судот на 13 октомври минатата година донесе решенија со кои за 10 обвинети во случајот „Моќник“ постапката се запира заради застареност, додека за тројцата обвинетите Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски судењето за кривичното дело „измама“ продолжува. 

На измените во Кривичниот законик се повикува и одбраната во случајот „ТНТ”.  Скопска Апелација во ноември побара одбивателна пресуда поради апсолутна застареност на делото, а јавниот обвинител Сашо Рајчев на расправата посочи дека со измените на КЗ во целост делото се менува содржински во поглед на „злоупотребата на службената положба и овластување“, како и во поглед на пропишаните казни. Во првостепената пресуда девет години затвор доби експремиерот Никола Груевски, три години поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и четири години поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, за рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски во 2012 година. Во случајот затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, додека три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда. Сите се товареа за „злоупотреба на службената положба и овластувања“. Сопственикот на компанијата „ФИНЕ“, Фијат Цаноски, претходно на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.

Со измените застаре делото за тројца од обвинетите и во случајот „Шпански скали", кој се однесува за незаконска продажба на земјиште во центарот на Скопје, но случајот продолжува за останатите обвинети. Случајот „Шпански скали“, продолжува за првообвинетиот поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и против Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова и Марјан Јованов. Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски се враќа од почеток, откако еден од членовите на судечкиот совет дал неотповиклива оставка.

Од измените освен случаите отворени од СЈО, корист имаше и случајот против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој на 1 декември беше неправослно осуден на две и пол години затвор од Основниот кривичен суд Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“, за, според обвинението, тоа што во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра.

Јавната обвинителка претходно, согласно измените во Кривичниот Законик, го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог што предвидува поблаго казнување за обвинетиот. Наместо претходно предвидената максимална казна затвор од пет години, со измените на  Зеќири му се става на товар делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ - 353 став 4 кој предвидува казна затвор од 1 до 5 години.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари поради здравствени причини заминува во куќен прит

Ваквата судбина за случаите на СЈО, многу потсетува на неуспешната аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов од 2016 година. Наместо придвижување на „бројчаникот“ на Портата во центарот на Скопје, и сега „сметката“ ќе ја платат граѓаните, но откако одбраната ќе ги достави до Судот трошоците направени во постапките што се водеа повеќе од седум години.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур на почетокот на минатата година ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година, со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше СЈО, меѓу кои и поранешниот премиер Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Мијалков и други тогашни државни функционери.

На крајот цената ќе ја платат граѓаните

За законските измени реагираше првиот човек на Кривичниот суд, Иван Џолев, кој напомена дека било потребно да се внимава на тајмингот, бидејќи многу од застарените предмети биле во финална фаза.

- Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно може да бидат контрапродуктивни. Во случајов има многу застарени предмети кои беа во финална фаза. Дали требаше да почекаат да се завршат судењата, па да се оди на измени на КЗ, треба да се анализира, изјави Џолев на брифинг со новинарите минатата година по бранувањата коишто ги предизвикаа измените. 

Според статистиката извадена од АКМИС, која беше презентирана на тој брифинг, за сите активни предмети по став 3 и 5 од членот 353 „злоупотреба на службената положба и овластување“ имало 36 предмети за 197 лица, а колку од нив ќе застарат, како што посочија тогаш, зависи од преквалификацијата што треба да ја направи обвинителот.

„Предлогот за притвор во судот стигна во недела во 15 часот, а одлуката е донесена во 18.30 часот. Сите познавачи на судството во Македонија ќе ви кажат дека судот одлучувал во најбрз можен в

Трошоците на одбраната за предметите кои застареа со последните измени на Кривичниот законик паѓаат на товар на буџетот на државата. Средствата што обвинетите ги исплатиле на адвокатите, со одлука на Судот ќе треба да им бидат рефундирани на странките. За трошоците да бидат признаени и досудени, адвокатите ќе треба да поднесат барање и пред судот да приложат реално сторени трошоци.  

Сумата што треба да се исплати за адвокатите, се одредува врз основа на барање поднесено до судијата, односно судечкиот совет што го водел предметот, со приложени докази за исплатата од странката, за потоа судот да ги рефундира тие средства. Согласно адвокатската тарифа, едно рочиште во предмет со повеќе обвинети адвокатот го тарифира околу 60 до 90 илјади денари, а во еден ваков предмет досега можеби имало и стотина рочишта, со по дваесетина адвокати.

Освен трошоци за адвокати, Судот ќе треба да ги рефундира и трошоците за направените вештачење, а обвинетите во овие предмети од државата ќе може да бараат оштета и за времето поминато во притвор.

Се чека епилог и за „Ласкарци“, „Жан Митрев“, „Беса транс“ ...

Додека во фокусот на меѓународните извештаи се случаите отворени од поранешното СЈО, за домашната јавноста поголема енигма е „немоќта“ да се дојде до судска разрешница повеќе од пет години за автобуската несреќа во селото Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година, а предметот  беше вратен од почеток додека чекаше супервештачење. Конечно во декември минатата година заврши доказната постапка за случајот, а пресудата, како што е најавено, Судот ќе ја објави во јануари годинава. 

Бранителите на првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, во завршните зборови во Основен кривичен суд денеска наведоа дека во постапката не се докажало ниту едно дејствие за кое е обвинет сопств

Во тек е и случајот за несреќата во Бугарија, во која животот го загубија 45 македонски државјани, кои се враќаа од патување во Истанбул со автобус на туристичката агенција „Беса транс“. Случајот отворен од македонското обвинителство се однесува на тоа што автобусот без соодветни документи во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година ја преминал државната граница 20 пати на различни гранични премини. Завршена е доказна постапка и во февруари треба да се одржат рочиштата за завршните збори и за објавување пресуда.  Според обвинението, обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Минатата година на суд беше изведен познатиот македонски кардиолог Жан Митрев. Предметот беше отворен по допрен глас, по објавувањето на документарецот во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беше присутен Жан Митрев со неговите бранители

По истекот на 90 дена од последното одржано рочиште судењето започна одново. Како што информираа од ОЈО - Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Брзи измени, реакции и меѓусебни обвинувања

Собранието во септември минатата година во скратена постапка со европско знаменеце ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување.

Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години.

Наместо министерот за правда, Кренар Лога, измените во Законодавниот дом ги достави неговата заменичка, Викторија Аврамовска Мадиќ, според која намерата била да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела, како и дека ќе доведат до проширување на опфатот за дела за кои се предвидува конфискација.

Блупринг групата за реформи во правосудството, реагираше дека ваквите измени на Кривичниот законик, ќе влијаат врз судските постапки иницирани од СЈО, предупредувајжи дека постои опасност од настапување на апсолутна застареност за предметите „Титаник“, „Таргет-Тврдина“, „ТНТ“, „Титаник 2“, „Трезор“, „Талир“, „Шпански скали“ и „Траекторија“.

Во меѓувреме дел од правните експерти реагираа дека не биле консултирани за измените, укажувајќи дека во исто време Работната група работела на комплетно нов Кривичен законик. Освен работната група за новиот Кривичен законик, дека не биле запознаени со предлог измените, кажаа и невладините организации, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Врховниот суд...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оцени дека со донесувањето на измените „со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се дозволува широка јавна расправа, експертска дебата, ниту анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение“, сериозно се загрозува правната сигурност во државата.

Моќта на службените лица во вонредна состојба се зголемува, а поради тоа се зголемуваат и ризиците од намерни грешки, но Кривичниот законик во ниеден случај, ниту во услови на вонредна состој

Премиерот Димитар Ковачачевски уверуваше дека измените во Кривичниот законик се усвоени со цел да се помогне во зголемувањето на ефективноста и ефикасноста на правосудниот систем. Неговиот став беше и дека нема злоупотреба на европското знаме при носење на измените и оти тие се направени согласно законодавствата во ЕУ.

-Измените кои беа направени се направени согласно законодавства кои важат во ЕУ. Ако го погледнете германското законодавство, тогаш членот кој кај нас се коментираше во однос на тоа дека сега е избришан дел од него, токму така е и во германското законодавство.  Ако ја погледнете висината на казните и ја споредите со Словенија, тогаш ќе видите дека се на исто ниво. Тоа што претходно го имавме е закон во кои казните беа од некое комунистичко време, бидејќи беа направени од јас го нарекувам некој Дарт Вејдер на македонското судство и обвинителство и тоа не значи дека не треба да се променат, изјави Ковачевски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски измените на кривичниот законик ги оцени како доказ за „бруталноста и злоупотребата на власта“. Тој рече дека има застарување за претходни судски случаи, но има и амнестија за идни. Вицепремиерот Артан Груби пак изјави дека измените освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Македонската и албанската опозиција да си ги усогласат ставовите, затоа што македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше „против“ измените во КЗ, коишто се хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања, рече Груби.

Ресорниот министер, Кренар Лога, пак топката ја префрли на на Собранието, нагласувајќи дека тие се направени со глас на одредени пратеници.

На првиот брифинг со медиуми како министер, Лога денеска посочи дека во Министерството за правда не нашол ниту една буква или документ за ветингот и нагласи дека стои на ставот дека мора да и

– Не се согласувам со квалификациите. Така што, заменик-министерот има право како и секој министер во Владата кога министерот е отсутен и може да биде предлагач на се и сешто. Значи, останува после поддршката на Владата изјаснета со гласање дали е за тоа или не. Како и да е, и да е како што вие го кажувате предлогот, одговорноста е на Собранието на РСМ. Значи, тие измени се направени со глас на одредени пратеници, изјави Лога. 

За тоа дали тој ја овластил заменик-министерката да потпише ваков предлог, Лога рече дека овластувањето е пропишано во Законот за влада.

– Овластувањето е пропишано во Законот за влада, така што јас не сум никој што може со обична хартија да овластува или да деовластува кој било во државата, изјави Лога, укажувајќи дека одговор за тоа кој се работел на измените, треба да се бара кај заменик-министерот за правда.

Според претседателот на државата Стево Пендаровски, со измените на Кривичниот закон нема никаква амнестија и ниту една одредба не го предвидува тоа.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички

- Прво, се создаде една заблуда во јавноста дека станува збор за амнестија, па дури и чув изрази кои никогаш не сум ги чул во животот иако сум правник - „некаква скриена амнестија“. Такво нешто не постои. Амнестија е кога јас тебе сосема ќе те ослободам од издржување казна затвор, ниту ќе почнеш да издржуваш, а ако си на издржување – излегуваш. Нема ниедна одредба од овој Закон која тоа го прави. Значи, нема никаква амнестија. Има прво, се скратуваат казните затвор за некој дел, ако биле 10 сега се пет години, ако биле 5 сега се 4 години, значи затворот останува, казната затвор останува и што се случува друго? Се случува проширување или олеснување на процедурата за таа конфискација на имот. И сега тука е главната работа која мене ми даде за повод да го потпишам Законот и да го образложам бидејќи имав на тема и образложение во јавноста, појасни Пендаровски.

Пендаровски, прстот за застарувањата го впери и во судиите, порачувајќи дека е „недозволиво во една демократска држава еден процес да трае десет или повеќе години“ и дека „не е проблемот до законот, туку до човечкиот материјал “.

Довербата во правосудството се намалува, црната листа се зголемува

Целосна доверба во судскиот систем и во обвинителството имаат еден процент од граѓаните, додека целосна недоверба 55 и 53 проценти од граѓаните, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена во мај 2023 година. 

Споредено со анкетата шест месеци претходно, од октомври 2022 година, довербата во судството од 23 проценти (целосна - 4 отсто и делумна - 19 отсто) е намалена на 19 проценти (целосна 1 отсто и делумна - 18 отсто). Истовремено, недовербата во судството се зголемува од 76 проценти (целосна - 52 отсто и делумна - 24 отсто) во октомври 2022 на 79 проценти (целосна - 55 отсто и делумна - 24 отсто). 

Во период од шест месеци јазот меѓу довербата и недовербата во обвинителството е зголемена за пет проценти. Довербата се намалува за три, а недовербата се зголемила за два проценти. Во обвинителството октомври 2022 година, доверба имале 21 процент од граѓаните (целосна - 3 отсто и делумна - 18 отсто), додека во мај 2023 година 18 проценти (целосна 1 отсто и делумна - 17 отсто). Во истиот перод, недовербата во обвинителството се зголемува од 76 проценти (целосна - 50 отсто и делумна - 26 отсто) во октомври 2022 на 78 проценти (целосна - 53 отсто и делумна - 25 осто). 

Во меѓувреме „црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко ... Тие им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. 

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по именувањето на Кочо Анѓушев, порача дека тоа е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и најави дека ќе следуваат повеќе назначувања.

-   Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.

Во ноември минатата година, Владата најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица коишто се на листа на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД. 

Александар Атанасов

Фото: МИА архива

Остани поврзан