• сабота, 23 ноември 2024

Правниот директор на Алпин сменет по аферата Пјастри

Правниот директор на Алпин сменет по аферата Пјастри
Париз, 16 ноември 2022 (МИА) - Формула 1 тимот Алпин го отпушти својот правен директор Бенедикт Мерсер, кој беше тесно поврзан со загубата на Оскар Пјастри како возач за 2023 година. Според „Racingnews365“, Мерсер не успеал да склучи договор кој би му овозможил на Пјастри да биде врзан со Алпин. Забележано е дека тој и другите адвокати на францускиот тим многу доцнеле со договорите - прво како резервен пилот за 2023 година, а потоа и долгорочен. Како резултат на овие одложувања, Пјастри и неговиот агент Марк Вебер одлучија да го одложат потпишувањето на долгорочен договор. На 2 август Алпин најави потпишување договор со 21-годишен Австралиец, но пилотот ја демантираше оваа информација, велејќи дека изјавата е дадена без негово знаење. На 2 септември, Комисијата за договори на ФИА го призна договорот на Пјастри со Мекларен како легален. Пјастри е шампион на Формула 3 и Формула 2. Во сезоната 2022 тој е резервен пилот на Алпин, од следната година ќе го замени Даниел Рикиардо и ќе возач на Мекларен. зс/

Остани поврзан