• среда, 18 декември 2024

ПП Левица: Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти

ПП Левица: Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти

Скопје, 14 декември 2024
 
Уставниот суд одби да отвори предмет по уставната иницијатива на Левица со која беше оспорена Одлуката за промена на улиците по балистички и шовинистички ликови, донесена од страна на Советот на Град Скопје во мандатот на Петре Шилегов.
 
Оваа скандалозна Одлука, донесена од тогашната локална власт на СДС и ДУИ, освен што претставуваше популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од албанското гласачко тело, истата е директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади. Имено, оваа Одлука ги навредува националните чувства на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија.
 Улиците кои се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, коишто не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава. Потсетуваме дека со ваквата одлука беа избришани имиња на улици кои ја симболизираат антифашистичката борба на македонската нација, како улиците „Втора македонска бригада“ и  „Македонска Косовска Бригада“.
 
Тенденцијата на ваквите одлуки е јасна - системско бришење на заедничката борба против фашизмот врз која почива македонската држава и инсталирање врховистичко-балистички елементи, како дел од ревизионизмот на македонскиот идентитет. 
 
Левица оценува дека е скандалозен потегот на Уставниот суд да ја отфрли поднесената иницијатива и со тоа да му даде легитимитет на процесот на бришење на АСНОМ.

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан