• четврток, 19 декември 2024

По 7.000 денари помош за семејствата со првороденче во Ресен

По 7.000 денари помош за семејствата со првороденче во Ресен
Ресен, 28 јануари 2022 (МИА) – Дел од парите предвидени за предновогодишно украсување на Ресен се пренаменети за зголемување на еднократната парична помош за првороденчиња во општината, информира градоначалникот Јован Тозиевски. Според него, наместо 5.000 денари како досега, семејствата со првородено бебе ќе добиваат по 7.000 денари. - Средствата, кои поради енергетската криза не ги искористивме на новогодишно украсување на градот, освен за повисока сума за првороденче, ќе бидат наменети и за семејствата од социјален ризик со цел да им помогнеме на најранливите категории во овие тешки времиња, истакна Тозиевски. Од почетокот на годината, како што информира, исплатени се 30 еднократни финансиски средства за социјално загрозени категории во висина од по 3.000 денари. Општина Ресен немаше предновогодишно украсување во градот поради енергетската криза, а финансиските средства во висина од 500.000 денари се пренасочени за помош на социјално ранливите категории граѓани. сс/мд/

Остани поврзан