• среда, 27 ноември 2024

По 30 денови притвор за двајцат тетовци кај кои била најдена марихуана

По 30 денови притвор за двајцат тетовци кај кои била најдена марихуана

Тетово, 9 април 2023 (МИА) - Две млади лица од тетовските села добија притвор од судот откако вчера биле приведени од полицајци затоа што кај нив била најдена дрога.

Според информациите на СВР Тетово судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска на Е.И.(23) од тетовска Голема Речица и Б.Љ.(24) од тетовско Долно Палчиште им определил мерка притвор од 30 дена и ќе бидат спроведени во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.

-Вчера вечер (8 април) околу 21 часот и 50 минути во Тетово тие биле лишени од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, при што им била пронајдена и одземена марихуана, инфомираа од СВР Тетово.

Двајцата се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.ас/бт/

Остани поврзан