• четврток, 26 декември 2024

По 25 години реактивиран шаховскиот клуб „7 Ноември“ во Гевгелија

По 25 години реактивиран шаховскиот клуб „7 Ноември“ во Гевгелија
Гевгелија, 24 февруари 2022 (МИА) - Гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов, со симболично повлекување на првиот потег, свечено го означи реактивирањето на шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија, кој повторно почна да работи по пауза од 25 години. Пред голем број љубители на шахот, претседателот на клубот Пепи Танчев, изрази благодарност до градоначалникот Сарамандов и локалната самоуправа за набавката на опремата и доделената просторија за активностите на клубот која се наоѓа во објектот на гевгелиската Месна заедница. - Работата со младите ќе биде главна цел на нашиот клуб поради што планираме да отвориме шаховски школи за пионери и младинци кои изразија желба да навлегуваат во тајните на древната игра, нагласи претседателот Танчев и посочи дека секој месец ќе се организираат брзопотезни турнири, а на крајот од годината ќе се прогласува најдобриот шахист на општина Гевгелија. Најголеми успеси во рамки на клубот имаат постигнато Живко Јаневски, кој беше светски првак во проблемски шах, Венци Попов кој три пати беше младински првак на Македонија и Ѓорги Прошев кој настапуваше на завршниот турнир од младинското првенство на некогашна Југославија. им/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан