• четврток, 26 декември 2024

По шест години граѓани на Јужна Кореја учествуваат во вежби за противвоздушна одбрана

По шест години граѓани на Јужна Кореја учествуваат во вежби за противвоздушна одбрана

Сеул, 23 август 2023 (МИА) - Јужна Кореја денеска ќе ги одржи своите први цивилни вежби за воздушна одбрана во последните шест години, во услови на растечки нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја.

Вежбите се клучен елемент на годишните вежби за цивилна одбрана Улчи, кои се одржуваат заедно со вежбите „Штитот на слободата на Улчи“, кои јужнокорејските и американските војници ги започнаа во понеделникот за да ги подобрат одговорите на потенцијален севернокорејски напад или други непредвидени ситуации.

Во рамките на вежбите ќе се огласи сирена за воздушен напад што ќе го поттикне населението да ги напушти улиците околу 15 минути пред да се укине сигналот за тревога, соопшти МВР и безбедност.

Се додава дека пешаците ќе мора да одат директно во засолниште или блиска подземна зона, додека возачите во околу 200 области низ земјата мора да застанат покрај патот. Здравствените установи и јавниот превоз ќе работат вообичаено.

Во одредени региони кои се граничат со Северна Кореја, се очекува жителите да мора да следат дополнителни сценарија, вклучувајќи хемиска, биолошка и радиолошка обука, носење гас-маски и друго, објави Министерството.

Вежбите за цивилна одбрана Улчи беа започнати во 1969 година по нападот на севернокорејските командоси врз претседателскиот комплекс во Сеул, а властите изградија околу 17 илјади засолништа низ земјата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан