• четврток, 26 декември 2024

По четири децении целосно е обновен коловозот на патот Радовиш-Плачковица

По четири децении целосно е обновен коловозот на патот Радовиш-Плачковица
Радовиш, 29 април 2021 (МИА) - Деновиве заврши асфалтирањето на последната делница од осум километри со што по 40 години целосно е обновен коловозот на патниот правец Радовиш-планина Плачковица. Со асфалтирањето на последната делница целосно е завршена обновата со нов слој асфалт во вкупна должина од над 10 километри и со тоа овој патен правец овозможува натамошен развој на планинскиот туризам. -Ова е важен проект за нашата општина и ми претставува посебно задоволство што успешно го реализираме во мојот мандат. Развојот и обновата на патната мрежа останува наш приоритет, рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов. Најавува дека со завршувањето на овој проект се отвораат и можности за патно поврзување со општините Штип и Карбинци. рт/сст/

Остани поврзан