• четврток, 26 декември 2024

По триесет години ново концертно пијано во тетовското музичко училиште

По триесет години ново концертно пијано во тетовското музичко училиште

Тетово, 27 декември 2023 (МИА) – Во Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ во Тетово од денес ќе се користи ново концертно пијано, кое го заменува старото по околу 30 години активно користење.

Концертното пијано пристигна изутринава и со специјална механизација со кран беше пренесено од возило во концертната сала. Потоа следуваше оспособување на механиката и тестирање од страна на професорите по пијано.

- По триесетина година добиваме полуконцертно пијано Бехштајн, модел Хофман. Министерството за образование ја согледа нашата голема потреба и ни обезбеди средства за да може да добие училиштето вакво концертно пијано. Имаме навистина голема потреба од вакво пијано со кое сега ќе имаме можност за четворо рачно свирење. Денешниов ден ќе се памети во нашето училиште. Пијаното ќе се користи секојдневна работа, концерти, натпревари, семинари, информираше директорот на училиштето, Новица Соколовски.

Во музичкото училиште најголем интерес за изучување на инструмент е токму пијаното.

- Во нашето училиште во основниот оддел имаме околу 600 ученици од кои околу 250 го изучуваат пијаното како инструмент. Има голем интерес, гледаме да биде достапно за сите. Добро би било да имаме простории за индивидуална настава затоа што се изучуваат голем број инструменти, изјави директорот Соколовски.

ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ заедно со паралелки во Струга има и 250 ученици за средно образование. Пијаното е произведено во компанијата која во 1853 ја основал Карл Бехштајн и од кога се прават овие инструменти во Германија. ас/дма/

Фото:МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан