• четврток, 26 декември 2024

По сторијата на Фикс фаре уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо

По сторијата на Фикс фаре уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо

Тирана, 21 декември 2023 (МИА) – Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра).

Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.

-Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Бордо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.

Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“. вт/вг/

Фото: албанска полиција 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан