• четврток, 19 декември 2024

По седум години отворена границата меѓу Колумбија и Венецуела

По седум години отворена границата меѓу Колумбија и Венецуела
Богота, 26 септември 2022 (МИА) - Колумбија и Венецуела ја отворија границата по тензии што траеја со години и неодамнешната обнова на дипломатските односи. Првиот товарен камион го помина мостот Симон Боливар од Колумбија во соседната земја за првпат по седум години. Ќе бидат обновени и комерцијалните летови. Границата првпат беше затворена во 2015 година поради порастот на криумчарење на евтина роба од Венецуела во Колумбија и извештаите за борби меѓу венецуелските војници и колумбиските криумчари. Двете земји неодамна ги обновија дипломатските односи. До нивното постепено приближување дојде по изборот на Густаво Петро за прв левичарски претседател во поновата колумбиска историја, на 19 јуни. бд/јт/

Остани поврзан